На имтото на Средното стручно општинско училиште „Киро Бурназ“ во селото Којнаре денеска беа закроени лозовите дрвца, со што традиционално се одбележа празникот Свети Трифун.
Одбележувањето се одвиваше во значително помал круг на луѓе, во споредба со минатите години, поради пандемијата на коронавирусот. Присустваа дел од наставниците и учениците во училиштето, свештени лица од Кумановско-осоговската епархија, а во име на Општина Куманово секретарот Александар Гелевски.
Одбележувањето на празникот е традиција откако во училиштето е засаден првито лозов насад, кој претставува добра можност учениците да добијат повеќе практични знаења во рамките на земјоделско-ветеринарната струка.
Многумина веруваат дека токму на овој ден започнува пролетта, се будат природата и љубовта меѓу луѓето, а според народните верувања ако на денешен ден паѓа дожд, сливата ќе има добар род, снегот може сѐ уште да изненади, но тоа се сметало за симбол на бериќет.