Ако сте се соочиле со ваква ситуација и се плашите, бидејќи косата ви паѓа во прамени, лекарите од платформата ДокТок ви откриваат што да направите.
Губење на косата по инфекција со ковид 19
Ковид-19 е присутен кај нашата популација скоро една година, а експертите сè уште ги откриваат неговите принципи на дејствување, но и потенцијалните последици што ги остава. Една третина од пациентите кои страдале од инфекција со Ковид-19 пријавиле значително опаѓање на косата, дури и неколку месеци по инфекцијата, додека над половина тврдат дека има промена во изгледот и квалитетот на нивната коса.
Зошто се јавува опаѓање на косата после Корона?
Губење на косата по инфекција со коронавирус се јавува според принципот на Telogen effluvium, кога косата одеднаш почнува да паѓа, главно во прамени, а тоа обично го забележуваме по туширање или чешлање.
Овој вид на опаѓање на влакната главно е поврзан со стресен настан, по што, обично два до три месеци, се забележува забележително опаѓање на косата.
Се верува дека стресот на целиот организам, но и борбата на организмот со инфекцијата, како и температурата, се главните причини за појава на овој феномен.
Кога е времето за узбуна?
Под нормални околности, ние губиме 50-100 влакна на ден и ова се смета за физиолошко. Сè што е над тоа укажува на тоа дека имало патолошко опаѓање на косата.
Ако забележите дека бројот на влакна што ги губите секојдневно се зголемува секој ден, забележувате фоки без влакна, имате црвенило или иритација на скалпот, вистинско време е да го посетите вашиот дерматолог.
Иако сериозно опаѓање на косата после инфекција со Ковид е присутно во мал процент, повеќето случаи се класифицираат како лесни или умерени, кои поминуваат спонтано по шест до девет месеци, а косата полека се враќа во првобитната состојба, оваа состојба не треба да се занемари.
Зошто да побарате стручен совет?
Не треба да заборавиме дека постојат многу други органски причини зошто косата може да паѓа, од хормонална нерамнотежа, преку недостатоци во исхраната, до разни хронични болести и состојби.
Затоа вашиот лекар мора да ги исклучи сите овие причини и да ви даде соодветна општа или локална терапија. Покрај овој вид на третман, достапни се бројни методи за стимулирање на раст на косата, како што се PRP, мезотерапија и микронидинг.
Што можете да направите дома?
За да спречите или ублажите опаѓање на косата после инфекција со Ковид, прво е важно да ја следите вашата коса на дневна основа. Избегнувајте носење ленти за коса и правење крути фризури, најдобро е да ја врзете косата со лесна шнола или да ја оставите слободно да паѓа.
Избегнувајте каков било вид на агресивен стил, кој вклучува влечење и кубење на косата, но и прекумерна употреба на топлина. Користете шампони кои содржат комплекси за регенерирање и стимулирање на раст на косата.
Важно е да се јаде храна богата со витамини и минерали, особено витамин Д, цинк, аминокиселини, биотин, витамин Б комплекс, омега 3 масни киселини. Ако знаете дека вашата диета има недостаток на овие микроелементи, можете да користите додатоци и во консултација со вашиот лекар.
Локалната масажа со рицинусово масло може да помогне во регенерацијата, но и квалитетот на косата.