ОШЗС Куманово: Надлежните да направат увид на речните корита поради најавените врнежи

Сподели со своите пријатели

Општинскиот штаб за заштита и спасување Куманово на својата 63та седница донесе препорака до неколку институции и јавни претпријатија да преземат мерки и извршат увид во пресрет на најавените врнежи од дожд кои од денеска ќе ја зафатат државата.

Loading...

– Се препорачува на надлежните институции ЈП„Водовод“, ЈП„Чистота и зеленило“, Центар за управување со кризи, Диркција за заштита и спасување, согласно најавената хидрометеоролошка состојба, како и циклонот кој го зафати нашиот регион, да излезат на терен и да направат увид на состојбите на реките и речните корита, како и критичните точки и можности на излевање на река Пчиња, поконкретно Меморијалниот центар АСНОМ, се вели во соопштението по денешниот состанок.

Институциите и претпријатијата според препораките на ОШЗС треба да ги дефинираат критичните точки и да дејствуваат на терен со превземање на превентивни мерки во координација со АД „Водостопанство Кумановско Липковско поле” со можност за надминување на евентуални проблеми.

– АД “Водостопанство Кумановско Липковско поле” во рамки на своите надлежности доколку утврди состојба која може да доведе до загрозување, навремено да превземе мерки за надминување на истата, стои во сооштението.

Доколку има потреба од дополнително ангажирање на соодветна механизација, се апелира, Водостопанство да побара од ОШЗС помош и поддршка.

Ваквите препораки доаѓаат по излевање на реките Пчиња и Крива река изминатиот месец поради обилни врнежи од дожд.

Никола Ивановски

Leave a Reply