Еден британски математичар дошол до овој заклучок.
– Целиот вирус кој моментално кружи низ целиот свет лесно може да се вклопи во една лименка Кока-Кола – пресмета британскиот математичар Кит Јејтс, од Универзитетот во Бати, и со тоа покажа колку проблеми може да предизвика нешто толку мало.
Комбинирајќи ги светските податоци за бројот на новозаразени и проценките за количината на вирус по лице, математичарот заклучил дека во светот има околу две милијарди честички од коронавирусот, пишува index.hr.
The total volume of SARS-CoV-2 in the world could fit inside a can of cola.https://t.co/T6KbBrDi1z
Animation by @VickiGSP pic.twitter.com/ZQio5Colzq
— Kit Yates (@Kit_Yates_Maths) February 10, 2021
Земајќи ја предвид големината на вирусот, во просек околу 100 нанометри, Јејтс го пресметал вкупниот волумен на вирусот.
Дури и кога се земени предвид острите протеини на вирусот и фактот дека неговата тркалезна форма ќе остави простор помеѓу честичките, вкупниот волумен сепак е, наводно, помал од лименката Кока-Кола од три децилитри.
– Неверојатно е кога мислите дека сите проблеми, хаоси, тешкотии и загуби на живот во изминатата година се резултат на нешто што може да се вклопи во две голтки – истакна Јејтс.