Поголемиот дел од луѓето не знаат какви опасности се кријат зад овој проблем.
Потресот кој се случи во 2011 година во Фукушима повторно ги има покренато прашањата за радиоактивноста, односно радијацијата. Поголемиот дел од луѓето не знаат дека опасноста од радијација е закана за целиот свет и дека тоа претставува голем проблем за нашата планета.
Институтот Блексмит и НГО опасноста од радијација ја ставаат на високото 6-то место на скалата опасности од отрови.
Во продолжение прочитајте кои места во моментот за најзагадени со радијација и кои места преставуваат потенцијално голема закана за светот.
Ханфорд, САД
Се наоѓа во државата Вашингтон, дел од проектот на Соединетите Американски држави за производство на атомска бомба. Таму се произведувал плутониум за првата нуклеарна бомба и за „Фет мен“ која е фрлена врз Нагасаки во текот на Втората светска војна.
Медитеран
Италијанската криминална организација ‘Ndrangheta наводно земала пари и илегално го превземала нуклеарниот отпад. Се сомневаат дека 40 бродови полни со отровен отпад „исчезнале“ на подрачјето каде владее оваа италијанска криминална банда.
Сомалиско крајбрежје
Италијанската мафија својот бизнис го проширила и на сомалиското крајбрежје кое е многу незаштитено. Наводно разни нуклеарни и отровни отпади биле истоварени на оваа подрачје.
Мајак, Русија
Индустрискиот комлекс Мајак во Русија во 1957 година било место на една од најголемите нуклеарни трагедии во светот. Околу 100 тони радиоактивен отпад биле ослободени при експлозија и така била контаминирана огромна теријаторија.
Експертите веруваат дека езерото Карчај, во кое е пуштен нуклеарниот отпад е едно од најзагадените во светот. Се проценува дека около 400 илјади луѓе биле загрозени со незгодите со отпадот кои таму се случиле.
Селафилд, Велика Британија
Се наоѓа на западното крајбрежје на Англија, каде се произведувал плутониумот за нуклеарни бомби, а подоцна областа била претворена во комерцијално подрачје. Исто така тука се случиле разни несреќи кои предизвикале нуклеарниот отпад да заврши во море. Затоа некои сметаат дека Ирското море е едно од најзагадените мориња во светот.
Сибирска хемиска постројка, Русија
Мајак не е единственото контаминирано подрачје во Русија. Сибир веќе 40 години чува различни видови на радиоактивен отпад. Помали несреќи, дождови и ветрови предизвикале таа радијација да се рашири низ цел Сибир. Иако, тоа подрачје изгледа како зафрлено и недопрено, прилично е опасно и радиоактивно.
Полигон, Казахстан
На оваа локација за време на Советскиот сојуз се тестирало нуклеарното оружје. На тоа подрачје, и покрај популација од 700 илјади жители се тестирало нуклеарното оружје дури 456 пати во период од 40 години.
Маилу, Киргистан
На оваа подрачје не се произведувале атомски бомби, ниту пак се тестирале, ниту пак тука имало некакво нуклеарно складиште. Оваа подрачје е специфично затоа што тука експлодирал материјал за производство на нуклеарно наоружување.
Тука исто така се збогатувал ураниум кој останал тука складиран во големи количини. Иако оваа место не било за тестирање на атомски бомби или слично, населението има добри причини да се исели километри подалеку од тука.
Чернобил, Украина
Место на кое се случила една од најголемите нуклеарни катастрофи во светот. Чернобил се уште е екстремно контаминирано подрачје. Кога се случила несреќата во Чернобил имало над 6 милиони луѓе кои биле загрозени, а загинале измеѓу 4.000 и 90.000 луѓе. Радијацијата од чернобил е 100 пати посилна од онаа во Хирошима и Нагасаки.
Фукушима, Јапонија
Потресот и цунамито кои се случија во 2011 година уништија многу домови и животи. Ефектите од несреќата се неверојатно долгорочни, можеби од сите несреќи најмногу ќе се почувствуваат последиците баш од оваа нуклеарна катастрофа.