Еден месец преживеале на пуст остров: Јаделе глувци за да преживеат! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Американската крајбрежна стража спасила тројца Кубанци од ненаселен остров во близина на Бахамите, кои биле изгубени таму 33 дена!

Loading...

Станува збор за жена и двајца мажи, кои, како што се наведува, преживеале јадејќи кокос, школки и глувци.

 

 

„Неверојатно е што успеале да преживеат толку долго“, рекол еден од спасувачите.

Кубанци биле забележани на остров меѓу Флорида и Куба.

За време на редовната патрола, членовите на хеликоптерскиот екипаж ги забележале како мавтаат со импровизирани знамиња на гребенот на Ангиља.

Loading...

Од хеликоптерот фрлиле радио, храна и вода на островот, а дури следниот ден ги спасиле поради лошите временски услови.

Тие не биле повредени, но сепак биле пренесени во медицинскиот центар во Флорида на преглед.

Оттаму е откриено дека се дехидрирани и покажуваат знаци на замор, но тие биле во одлична состојба со оглед на тоа колку долго биле препуштени сами на себе.

„Им било многу тешко затоа што немале вода за пиење“, рекол Мајк Алерт, пилот на хеликоптер.

Тројцата Кубанци им соопштиле на припадниците на крајбрежната стража дека пред пет недели нивниот брод потонал во морето поради бурното невреме и дека тие сами пливале на островот. Други детали за престојот на пустиот остров не биле познати.

Leave a Reply