Негувателката Бретани Жаке (23) од Синглтон, Онтарио, Канада, се откажала од потрагата по љубов затоа што сите мажи ја принудувале да држи диета и ја оставале кога не успевала во тоа, сè додека не пронашла љубов со маж кој има приближно половина од нејзината тежина.
View this post on Instagram
Имено, Британи има 116,6 килограми, додека нејзиниот избраник Мет Монтгомери тежи 63,5 килограми.
View this post on Instagram
Британи долго се борела со самодовербата, откако нејзините поранешни партнери ја одбивале за неуспешните обиди да изгуби вишок килограми, иако првично ги привлекувале нејзините облини.
View this post on Instagram
Таа и Мет, инаку личен тренер, се запознале на Фејсбук, во август минатата година и веднаш си се допаднале меѓусебно, вели таа.
View this post on Instagram
Мет тврди дека го привлекувал нејзиниот позитивен став и самодовербата со која им приоѓа на луѓето.
View this post on Instagram
Минатата сабота, пет месеци откако се сретнале, младото момче клекнало пред Британи, опкружен со свеќи кои формираат срце во длабокиот снег и сега се свршени.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Тие велат дека тоа било љубов на прв поглед, пренесува Daily Mail.
– Порано бев во врска со слаби девојки и тие воопшто не беа задоволни. Тие не беа сигурни во себе и постојано се бореа со потребата да променат нешто во себе, што не ми се допаѓаше – вели Мет и додава дека му се допаѓа Британи поради самодовербата и позитивниот став кон своето тело.
View this post on Instagram
Мет додава дека забележува како луѓето зјапаат во нив додека одат по улицата.
– Луѓето коментираат на нашите фотографии на Инстаграм во стил дека не сум доволно голем човек за неа – вели Мет.
View this post on Instagram
Тој и Британи навистина не обрнуваат внимание на коментарите, но се надеваат дека нивниот пристап ќе им помогне на другите парови на кои им пречи таквата разлика.
View this post on Instagram