Демитриус Луис, обвинет крадец од Флорида, се појавил пред судијата во Броуард, Табита Блекмон, за време на виртуелно сослушување и брзо почнал да и дава комплименти за нејзиниот изглед.
Луис, кој наводно се обидел да ограби една куќа во Форт Лодердејл, и рекол на судијата дека е прекрасна.
– Само треба да ти кажам, многу сте убави. Те сакам, те сакам – и рекол тој.
За негова несреќа, иако судијата се насмејала, таа веднаш му рекла дека ласкањето на суд нема да го однесе далеку.
Луис е обвинет и за поседување екстази, а на снимката се гледа и како обвинителот предлага кауција од 7.500 долари, со оглед на тоа што на имотот што тој се обидел да го пробие имало деца. Судијата на крајот му одредил кауција од 5.000 американски долари.
Видеото предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а некои не можеа да поверуваат дека е реално.