Паричник пронајден на Антарктикот по 53 години вратен на сопственикот

Сподели со своите пријатели

На метеорологот од Сан Диего, Пол Гришам, му бил вратени паричникот 53 години откако го изгубил на Антарктикот.

Loading...

Тој за Сан Диего сојуз-трибјун изјави дека е шокиран од тоа колку луѓе се собрале да го најдат и да му го вратат паричникот.

91-годишниот Гришам бил во мисијата „Deep Freeze“ опкружен со мраз во текот на 60-тите години на минатиот век, кога бил испратен на најстудениот континент како воен метеоролог.

Паричникот што го изгубил во тоа време има лична карта, возачка дозвола, упатства во случај на атомски, биолошки или хемиски напад, сметки и ваучер за пиво.

Патем, документите биле пронајдени уште во 2014 година при уривање на зграда, а голем број луѓе ги здружиле силите со цел да откријат на кого припаѓаат, користејќи модерна технологија.

Leave a Reply