Крава продадена за 300.000 евра: Тврдат дека е паметна и полна со стил (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Крава одгледана во централна Англија е продадена за 299 илјади евра, што е рекорд за нејзината раса и двојно повеќе од претходниот британски и европски рекорд.

Loading...

Кравата по име Пош Спајс, по титулатата што ја носела Викторија Бекам во женската поп-група Spice Girls, беше продадена во петокот.

Кравата од раса Лимузин од Шропшир, чие целосно име е Вилоџ Пошспајс, е потомок на добиток што е наградуван.

Нејзината мајка Милбрук Гингерспејс, наречена исто така по една од „спајс девојките“, го држеше претходниот британски и европски рекорд поставен во 2014 година.

Би-Би-Си ја пренесува изјавата на сопственичката Кристин Вилијамс, која веку дека продажбата е „како добивка на лотарија“ и дека крајната цена е „неверојатна“.

Таа рече дека продадената едногодишна крава е „паметна и полна со стил“, а високата цена ја припишува на одреден „фактор Х“ што го има кравата.

Leave a Reply