По 50 години на Месечината пронајдено топче за голф: Астронаут фатен во лага (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

И покрај тоа што тврдел дека топчето летало „километри и километри“ откако удрило за време на мисијата „Аполо 14“ на Месечината, дигитално реставрираните и обработените фотографии откриле дека топчето летало нешто помалку од 40 метри.

Loading...

На 6 февруари 1971 година, командантот на мисијата Аполо 14 погодил две топки за голф на површината на Месечината, пред екипажот да се врати назад кон Земјата.

 

 

Едната топка завршила во кратерот, но другата летала „километри и километри“, барем според сведочењето на Шепард.

Обновените фотографии од местото за слетување на мисијата Аполо 14, сепак раскажуваат друга приказна.

Всушност, првата топка заврши нешто повеќе од 20 метри од местото каде што погодил, а втората отишла петнаесетина метри подалеку.

Loading...

 

 

Единствената снимка од играта со голф на Месечината е со прилично слаб квалитет, но Енди Саундерс, специјалист за графика, со напорна работа успеал да ги скенира рамките на снимката во висока резолуција.

Дигитално подобрената снимка му овозможила да ја пронајде друга топка, која не летала „километри и километри“, туку завршила недалеку од местото на слетувањето.

Leave a Reply