ТАЖНА ЉУБОВНА ПРИКАЗНА: Неговата сопруга починала од вирусот, а тој починал по неа ДВА дена подоцна (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Неразделната двојка ја изгубиле битката со коронавирусот за само неколку дена. 75-годишната Су Шаик починала во болница на 29 декември, а нејзиниот сопруг Басим Шаик го загубил животот во нивната куќа во Лондон 2 дена подоцна.

Loading...

Нивната ќерка Каролина (43) рече: – Мислам дека татко ми знаеше дека мајка ми починала и дека тој само се „откажал“ од борбата. На некој начин, благослов е што тие починаа со разлика од неколку дена, бидејќи не можам да замислам како мајка ми ќе се справише без љубовта на нејзиниот живот. Тие беа неразделни, два грашка во мешунка, кои не можеа да живеат еден без друг.

Двојката живеела во Вустершир поголемиот дел од својот живот, но се преселиле во Кенсингтон, Лондон пред пет години, за да бидат близу до своите деца и внуци.

Су починала во болницата на 29 декември, а Басим почина во нивниот стан во Кенсингтон 2 дена подоцна. Басим бил Ирачанец кој избегал како тинејџер од земјата за да избегне верски прогон бидејќи тој и неговите девет браќа и сестри се истакнато католичко семејство. Тој ја запознал Су додека студирал на докторски студии по машинство на универзитетот во Бирмингем, каде таа била секретарка.

Каролина рече дека нејзината мајка отишла во болница во Лондон непосредно пред Божиќ откако добила коронавирус и починала по една недела.

Нејзиниот татко бил дома, исто така, бидејќи имал тумор на мозокот и не му било кажано за смртта на неговата сопруга.

„Моите родители беа навистина внимателни и не излегуваа од дома со месеци – освен посетата на татко ми во болница поради неговиот тумор -рече таа. Искрено мислевме дека мајка ми ќе се извлече, но поради дијабетисот што веќе го имаше, вирусот ја победи и почина за една недела. Бидејќи татко ми беше многу болен, решивме веднаш да не му кажеме дека починала, но некако тој знаеше дека ја нема. Тој ни рече: „Таа ја нема, нели?“ И потоа почина неколку дена подоцна, рече Каролина.

 

Loading...

Leave a Reply