Тесика Браун, корисник на социјалната мрежа ТикТок, користела супер лепак кога останала без лак за коса. Многу се изненадила кога сфатила дека нејзината коса воопшто не се помера.
Тесика се надевала дека супер лепилото ќе и донесе убав финиш за нејзината фризура, и тоа навистина се случило, таа не успеала да го извади од косата дури и по еден месец и многу миење.
– За сите што ме познавате, знаете дека мојата коса е ваква веќе еден месец денес. Јас не го избрав тоа, не. Навистина не – рече таа во вирално видео кое има неколку милиони лајкови и прегледи.
@im_d_olladyStiff where????? Ma hair ??♬ original sound – Tessica Brown
– Кога ја стилизирам косата, сакам да ја завршувам фризурата со многу силен лак, за сè да остане на свое место. Па, снемав од тој лак за коса и потоа го зедов овој лепак (се нарекува многу слично како и лакот за коса) Многу лоша идеја, навистина, навистина. Косата не ми се помера. Дали слушате што ви велам? Воопшто не се движи – продолжи да се жали таа.
Таа исто така рече дека не треба да го користи тој супер лепак како замена за лак за коса, а корисниците на шега коментираат како фризурата изгледа добро и дека самата си направила шлем и заштита на главата.
На друго видео, Тесика демонстрираше како се мие косата додека шампонот се одбива од косата и се лизга над неа.
@im_d_olladyIt don’t move I hate it here
Корисниците на социјалните мрежи и дадоа совети кога да се ослободи од лепилото за коса, а во третото видео им се заблагодари и рече дека ќе испроба некои совети.
Лекцијата од целата оваа приказна би била: никогаш не ставајте супер лепак во косата ако останете без лак.