Владата го објави списокот на стотина фирми кои добиле помош од државата за исплата на плати за вработените, а кои парите никогаш не им ги исплатиле. На листата се наоѓаат и компании од Куманово.
Различни се дејностите на компаниите што ја злоупотребиле помошта од државата. Така 78 од нив се од дејноста трговија на мало кои примиле помош во износ од 2,2 милиони денари, а не исплатиле плата на 145 вработени, потоа 44 фирми од дејноста подготовка на оброци и служење храна кои примиле 2,2 милиони денари и не исплатиле плата на 130 вработени, како и 26 фирми од градежништвото кои добиле помош од 944 илјади денари и не исплатиле плата на 57 вработени.
Компаниите, како што вели директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, се добиле опомени, и доколку не ја исплатат помошта, ќе следува присилна наплата со блокада на нивните сметки и преност на средствата на сметките на нивните вработени.
Во декември 2020 година, вкупно 13.162 компнии добиле државна поддршка за 60.986 вработени во износ од околу 961 милиони денари.
Целокупниот список на компаниите што не ја исплатиле помошта можете да ја погледнете ТУКА.