46 санкции за брзо возење во Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Четириесет и шест лица биле казнети денеска во Крива Паланка поради брзо возење, информираат од кумановската полиција.

Loading...

– Полициски службеници од СВР Куманово во текот на денешниот ден презедоа мерки и активности во рамки на засилените контроли за санкционирање на возачи што возат со брзина поголема од дозволената и на територијата на Крива Паланка  санкционираа 46 возачи кои  управувале возила со брзина поголема од дозволената, стои во соопштението од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од сообраќај се исклучени и  7 возила поради други прекршоци.

Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Никола Ивановски

Leave a Reply