Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Утринската температура ќе изнесува два степени, а максималната дневна ќе достигне 16.
Првиот ден од викендот, сабота, носи слично време. Утринската ќе изнесува три, а максималната дневна температура 16 степени целзиусови.
Делумно сончево ќе биде и во недела, кога минималната температура ќе биде девет, а максималната 15 степени.
Стартот на новата работна недела се очекува да донесе слаби врнежи од дожд во понеделник, но потоа ќе се задржи сончево и топло време со натпросечни температури за овој период од годината.
Никола Ивановски