Растурена оргија со над 80 учесници: Ги прекршиле мерките за заштита од вирусот

Сподели со своите пријатели

Полицијата во Франција минатиот петок ги разстурила оргиите на кои присуствувале 81 лице, бидејќи го прекршиле полицискиот час што бил воведен со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, пренесуваат светските медиуми.

Loading...

Забавата била прекината во местото Колезијан, кое е оддалечено околу 30 километри од Париз, а полицијата за време на рацијата пронашла пијалоци, звучен систем и светлосно шоу, пренесува весникот „Индипендент“, а пренесува Њујорк пост.

Според извештаите во медиумите, полицијата излегла на лице место околу 21 часот, три часа по почетокот на полицискиот час, а полицајците првично пронашле 11 лица на паркингот пред магацинот.

Кога полициските сили добиле законска дозвола за пребарување на областа, пронашле оргии.

– Овој настан претставува кршење на полицискиот час, а имаше и проблеми со маски и отсуство на физичко дистанцирање. Луѓето на забавата соработуваа со полицијата и не пружаа отпор – рече инспекторот.

Како што се наведува, 81 лице е казнето за кршење на полицискиот час, а полицијата испрашала тројца осомничени кои се обвинети за организирање на оргиите.

Leave a Reply