ИТАЛИЈАНСКА ТИНЕЈЏЕРКА СТАНАЛА „БАРБИКА“: Ги тетовирала очите и вметнала имплант во гениталиите! (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Тинејџерка од Италија сака да се претвори во тетовирана и модифицирана барбика и ќе стори сé за да ја постигне својата цел – дури  ги истетовирала јаболчниците и вметнала импланти во вагината.

Loading...

Ајдин Мауд (19) била воодушевена од модификациите на телото и започнала да ги прави многу рано, таа имала само 11 години. Најпрво започнала со игли што ги бодела во лицето и така направила пирсинзи, а сега е покриена со тетоважи и се надева дека ќе ги оперира градите и задникот.

 

 

Кога имала 15 години, на себе си направила јазик на змија – самата ја направила постапката, која се состои од сечење на јазик на два дела. Се разбира, лекарите не препорачуваат вакво нешто, бидејќи во случај на сечење на артерија што поминува низ јазикот, може да има голема загуба на крв и смрт.

Ајдин е од Рим и има над 20 пирсинзи и модификации кои вклучуваат зголемени ноздри и уши, пирсинг во градите и пфилери во усните и образите, како и модифицирана вагина. За сите тие постапки потрошила околу 4.000 евра.

Таа има многу следбеници на социјалните мрежи, а нејзиното мото е да се задоволи само себе си.

Loading...

 

 

– Ме нарекуваат грда, но јас тоа не го сметам за навреда, да бидам искрена. Јас сум нормална, го живеам мојот живот најдобро што можам и ако некому му пречи, нека не ми приоѓа. За среќа, имам љубов и поддршка од важни луѓе. – таа рече.

– Многу подобро се согласувам со луѓе кои се различни од мене и имаат тотално поинаков стил од мојот и тоа многу ме изненадува – беше искрена.

Таа планира да го покрие целото тело со тетоважи и пирсинзи, а сака и метални заби. Кога ќе ги собере парите, таа ќе стави силикони и ќе оди на бразилско затегнување на задникот.

 

Loading...

 

– Мојата крајна цел не постои затоа што мислам дека никогаш нема да запрам со интервенциите. Веројатно повторно ќе ги истетовирам очите, ставам филери секој месец.

– Имајте храброст да го направите она што ве прави среќен се додека не повредите други при вашите направени  избори. Бидете поинакви и секогаш свои – рече оваа необична девојка од Италија.

Leave a Reply