Во Англија официјално започна работата за изградба на првото пристаниште за летачки автомобили.
Британската компанија Urban-Air Port се здружи со Hyundai за заеднички изградба на таканаречен аеродром за летечки автомобили и на сите да им покаже што носи иднината.
Новото пристаниште го нарекуваат „Урбан аеродром“. Целта на овој проект е развој на инфраструктурата за следната генерација на електрични и автономни летачки возила.
– На автомобилите им требаат патишта, на авионите им се потребни аеродроми, а на електричните авиони со вертикално полетување и слетување (eVTOL) им требаат Urban Air Port аеродроми. Пред повеќе од сто години беше извршен првиот комерцијален лет создаден од современиот свет. Урбаното воздушно пристаниште ќе ја подобри поврзаноста на градовите, ќе ја зголеми продуктивноста и ќе и помогне на Велика Британија да го преземе водството во новата „чиста“ глобална економија, изјави Рики Саду, основач и извршен директор на Урбан-ер аеродромот.
Урбаното воздушно пристаниште е 60 проценти помало од традиционалниот хелиодром и може да се изгради за само неколку дена, а локацијата може да се премести доколку има потреба.
Планот е да се изгради овој „урбан аеродром“ до крајот на ноември.