Дека има многу духовити луѓе на социјалните мрежи и дека нивните шеги се прераскажуваат и споделуваат, не е ништо ново.
Овој пат, овој Македонец реши да не насмее и му успеа.
Духовитото момче достигна скоро 8.000 лајкови, а многу корисници на оваа социјална мрежа му се заблагодарија што ги насмеа. Имаше и негативни коментари, на крајот на краиштата, секогаш ги има кога станува збор за социјалните мрежи.
Да застанемо за моменти и да размислимо дека у Аустралију има 48 миљон кенгура а у Македонију има 2 миљона житела и ако решив кенгури да гу нападнев Македонију свак од нас ке треба да се тепа против 24 кенгура.
— Degenerate (@MadEptenLud) January 28, 2021
Еден корисник ја спореди оваа „ситуација“ со стара шега.
– Зошто нема комарци во Кина?
– Секој си го убил својот!
Секако, на сите нас навистина ни е потребна смеа, особено во ова неизвесно време, и постови како овој сигурно ни враќаат насмевка на лицето.