Британката Ејми Хокинс, 110-годишна баба која ја отпеа песната „It’s A Long Way to Tipperary“, стана sвезда на „ТикТок“, откако нејзиниот 14-годишен внук објави видео на својот профил.
Бабата го прослави 110-от роденден со песна и ги освои симпатиите на корисниците на социјалната мрежа, пренесуваат светските медиуми.
Нејзиното семејство за Би-Би-Си објасни дека 110-годишната баба патувала и настапувала низ Велика Британија за време на Првата светска војна.
Таа ја завршила својата кариера многу рано затоа што нејзината мајка и забранила да настапува, верувајќи дека тоа не е нешто што една девојка треба да го прави.
Ејми имала седум години кога завршила војната, и оттогаш не ги заборавила стиховите на песните што ги пеелакако дете.
Нејзината ќерка Хана раскажа дека пее различни песни секој ден и секогаш прашува расположено: „Дали сакате друга?“.
Семејството рекло дека на почетокот не можело да верува дека видеото станало вирално и дека се воодушевени од коментарите на интернет.
– Луѓето плачеа, некои рекоа дека им недостасува семејството, додека други ги раскажуваа своите животни приказни. Сите реакции беа многу искрени, тие ја вратија нашата верба во луѓето – рече семејството на старицата.
@sachafreeman0My great grandma enjoying her birthday #fpy #foryoupage #old #supergran #uk #1911 #birthday #song #music #old #oldestontiktok #wales #celebrate #tea