Најбогатиот човек во светот го напушта местото директор на „Амазон“, а ова е наследникот

Сподели со своите пријатели

Поранешниот извршен директор на Амазон, Џеф Безос, ќе го напушти столчето на извршниот директор до крајот на оваа година, оставајќи ја функцијата на неговиот колега кој досега го водеше клауд бизнисот на Амазон.

Loading...

Тоа ќе биде биде Енди Џеси, кој ќе ја води компанијата во секојдневните задачи во иднина, додека Безос ќе ја задржи функцијата извршен претседател на Амазон.

 

 

Амазон, гигант посилен од државата

Безос има 57 години. Тој ја основаше Амазон во 1994 година и претвори компанија што требаше да продава книги преку интернет во најголемата платформа за е-трговија во светот што продава сè, од игли до локомотиви.

Секако, тоа е само дел од неговата деловна империја, бидејќи има и неколку други компании кои меѓу другото се занимаваат со летови во вселената и продажба на храна.

Loading...

Под водство на Безос, Амазон ја надмина вредноста од 1.000 милијарди долари на берзата, а денес, по стимуланс од 5.000 милијарди долари поради пандемијата Ковид-19, компанијата достигна пазарна вредност од 1,6 трилиони долари.

 

 

Интересно е што во последниве години, Амазон не плаќаше данок, но во последната 2019 година, за која има конечна пресметка, плати 0 долари федерален данок на над 230 милијарди долари од прометот.

Всушност, тој заработил од данок таа година, бидејќи Амазон добил 129 милиони долари од поврат и стимулации, плаќајќи така -1% од даноците во таа година.

 

Loading...

 

Кој е наследникот?

Иако сè уште нема официјална потврда, сигурни извори наведуваат дека компанијата ќе ја преземе директорот на Amazon Web Services, односно веб-услугите на Amazon, кои бележат одлични резултати во изминатиот период.

Тоа е Енди Џеси, кој се приклучил на Амазон уште во 1997 година и кој го водел одделот за калуд веб услуги на Амазон од неговото основање.

Одделот, управуван од Џеси, објави раст од 28% за последниот квартал од минатата година. Дури 52% од оперативните приходи на компанијата доаѓаат од AWS.

 

 

Loading...

Во текот на 2021 година, акциите на компанијата скокнаа околу 4%, а во споредба со истиот период минатата година тие пораснаа за дури 70%, исто како и целата берза, што ги руши сите рекорди додека економијата страда од пандемиски проблеми, и над 60 % од малите бизниси низ САД се затворени засекогаш.

Голем дел од тоа е пакетот помош изгласан од американскиот Претставнички дом, вреден 5.000 милијарди долари. За првата половина на оваа година е планиран нов пакет помош од 1900 милијарди долари, од кој огромен дел ќе заврши во најголемите американски компании, па затоа треба да се очекува дека бавниот раст од оваа година ќе биде значително охрабрен.

 

 

Безос ќе продолжи да се грижи за деловното работење на компанијата, но од нова улога

Loading...

Првиот човек на Амазон кога станува збор за финансиите, Брајан Олсавски изјави дека Безос дефинитивно ќе биде присутен во иднина и дека неговата визија се провлекува низ сите делови на компанијата.

Олсавски исто така рече дека Џеси е „визионер кој ќе ги донесе своите вештини, но дека транзицијата ќе се карактеризира со голема доза на континуитет“.

Безос на тој начин ќе добие повеќе време да се посвети на водењето на „Блу Ориџин“ (вселенски туризам, сателити, патувања во други планети), „Вашингтон пост“ (водечки светски медиум) и „Amazon Day 1 Fund“ (хуманитарен фонд), истовремено начин да остават пари на семејството без плаќање данок, што скоро сите богати и политичари во САД го користат изобилно.

 

Loading...

Leave a Reply