Достава на алкохол на домашна адреса: Бизнис вреден 1,1 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Убер објави дека официјално го купува „Дризли“, компанија за испорака на алкохолни пијалаци, а трансакцијата вредна 1,1 милијарда долари ќе се реализира во акции и готовина.

Loading...

По завршувањето на трансакцијата, пазарот на Дризли ќе биде интегриран во апликацијата Uber Eats.

 

 

Компанијата ќе ја задржи и независната апликација Дризли, се наведува во соопштението, пренесува CNBC.

Основана во 2012 година, Дризли стана водечка услуга во САД за испорака на алкохолни пијалаци по желба и е достапна во 1.400 градови.

Uber Eats, услуга за доставување храна, е клучен сегмент во бизнисот на Uber во времето на пандемијата на Ковид-19, што драстично го намали независното заминување на луѓето да купуваат храна.

Loading...

 

 

Дризли рече дека во изминатата година, забележале раст од над 300 проценти, бидејќи луѓето продолжиле да пијат алкохол дома наместо да излегуваат надвор.

Договорот се очекува да биде готов во првата половина на 2021 година, а акциите на компанијата „Убер“ скокнаа за повеќе од осум проценти веднаш по објавувањето на спојувањето на двете популарни компании на Волстрит.

 

 

Loading...

Пандемијата на коронавирусот целосно го трансформира пазарот на алкохол во некои делови на светот. Луѓето едноставно почнаа да се дружат дома во мали групи, но тие не престанаа да уживаат во своите омилени пијалаци, а оние паметни компании, оние што со време се прилагодуваа на овој тренд, многу добро го искористија.

Leave a Reply