Во Куманово активни 343 случаи на Ковид 19, за една недела регистрирани нови 74 позитивни

Сподели со своите пријатели

Во моментов во Куманово активни се 343 случаи на заболени од Ковид 19, а за една недела регистрирани се 74 позитивни случаи на Ковид 19, информираа денеска од Општинскиот кризен штаб.

Loading...

– Во период од 25.01. до 31.01.2021 година во општина Куманово регистрирани се 74 позитивни случаи на COVID 19, а моментално има 343 активни случаи. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сите мерки и препораки од Владата, поточно, социјална дистанца од два метра, носење на заштитни маски и да нема групирање на отворено, како и во затворени простории, се наведува во соопштението на Штабот кој денеска го одржа 62-от состанок.

Leave a Reply