Хана и Џејк Граф влегоа во историјата минатата година кога станаа првата трансродна двојка во Велика Британија која има заедно дете.
View this post on Instagram
Успеаја со помош на сурогат мајка која во април 2020 година ја роди ќерката Мили.
View this post on Instagram
И двајцата сфатиле дека сакаат да го прошират семејството, а сурогат-мајката веќе понудила да го повтори процесот.
View this post on Instagram
„Од почетокот, сакавме да ѝ дадеме брат или сестра на Мили. Ќе се обидеме веднаш штом дозволат мерките наметнати поради пандемијата на коронавирусот. Можеби ќе имаме добри вести во текот на годината”, изјави Хана за Велс онлајн.
View this post on Instagram
Хана била капетан во британската армија, а нејзиниот сопруг Џејк е актер.
View this post on Instagram
„Мили нè освои. Да ја одгледаме е сон. Изминатите девет месеци беа прекрасни за нас. Никогаш не помислував дека тоа ќе ми се случи, ниту Хана”, додава Џејк.
View this post on Instagram
Џејк и Хана поминале низ процес на транзиција во исто време.
View this post on Instagram
Во март 2018 година, по тригодишна врска, тие се венчале. Џејк во тоа време веќе ги замрзнал јајце клетките и процесот го чинел 17.000 фунти.
View this post on Instagram
Парот ја пронашол сурогат-мајката преку Националното друштво за плодност.
View this post on Instagram
Во Велика Британија, сурогат мајките не добиваат компензација за постапката, но цената на нивната бременост се искачува на 15 илјади фунти и ги плаќа парот што го носи детето, пишува Метро.
View this post on Instagram