Илон Маск вградил чип во мозок на мајмун: Сега животното игра видео игри (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Компанијата на славниот милијардер Илон Маск инсталирала чип во черепот на мајмун, па така тој сега може да игра видео игри само користејќи ги своите мисли.

Loading...

Компанијата на Маск започна силно, а самиот Маск во едно интервју изјави дека неговите научници се обидуваат да ги „убедат“ мајмуните да играат понг меѓу себе.

 

 

„Тоа би било прилично кул“, беше импресиониран Маск.

Невралинк со години тестира нервни интерфејси врз животни.

На видео објавено минатата година, тие тестирале нова технологија врз свиња, по име Гертруда.

Loading...

 

 

Тука тие ја покажуваат нивната способност да снимаат и предвидуваат активности засновани на жичен чип вграден во животно.

Според Маск, мајмунот имал вграден безжичен чип, што му овозможило сам да го контролира интерфејсот.

„Не му е непријатно и не изгледа чудно“, рече Маск.

 

Loading...

 

– Ако можете да експериментирате со нешто што не вклучува жици што минуваат низ кожата, тоа би било во корист на животните – рече професор од Универзитетот во Њукасл.

 

Leave a Reply