НЕВЕРОЈАТНА СЛУЧАЈНОСТ: Брачна двојка освоила многу пари, сопругот заборавил да ги стави очилата и внесол погрешен број

Сподели со своите пријатели

Награда на лотарија во износ од 150.000 долари израдувала една брачна двојка, откако сопругот пропуштил еден од претходно договорените броеви со пополнување на билетот.

Loading...

Стив Хејли сакал да избере деветка, што била составен дел од комбинацијата што секогаш ја избирал заедно со сопругата, но на крајот случајно напишал осумка.

Таа грешка на парот и донела огромна сума пари, па наместо 300-те долари што ќе ги добиле ако се држеле до вообичаената комбинација, тие освоиле дури 150.000 долари.

 

 

– Додека го пополнуваше образецот, тој случајно внесе девет наместо осум. Мислевме дека ќе добиеме 300 долари, но благодарение на таа една бројка освоивме 150 000 долари. Јас секогаш го расправам и прашувам зошто тој едноставно не носи очила, но сега ќе престанам да се жалам – се пошегува Барбара Хејли од Сијукс Сити во Ајова.

Стив и Барбара биле извлечени благодарение на броевите 5-8-17-28 во играта на среќа во Пауербол, а бидејќи уплатиле и за дополнителна игра на „Пауерплеј“, тие ја утростручиле сумата и добиле 150.000 долари наместо 50.000.

Loading...

Откриле дека го добиле џекпотот додека пазарувале на пазар. Стив отишол на шалтерот за лотарија да го провери својот билет.

– Почнав да купувам, а Стив отиде да го искешира билетот. Тогаш дознавме. Купувам намирници и слушам од разгласот: „Нека Барб Хејли дојде во службата за клиенти“. Мислев дека Стив не може да ме најде во продавницата – објаснува жената.

Таа додава дека добитниот билет бил купен во локална автоперална, за што вели дека е нејзино „среќно место“ за купување игри на среќа.

Leave a Reply