156 кумановци „дивееле“ низ улиците, добија казни од полицијата

Сподели со своите пријатели

За само еден ден полицијата напишала 156 казни на возачи низ Куманово кои возеле со брзина над дозволената.

Loading...

– Полициски службеници од СВР Куманово во текот на денешниот ден презедоа мерки и активности во рамки на засилените контроли за санкционирање на возачи што возат со брзина поголема од дозволената и на територијата на Куманово санкционираа 156 возачи кои  управувале возила со брзина поголема од дозволената, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од сообраќај биле исклучени осум  возила, а две возила се одземени поради тоа што учествувале во сообраќај а биле подолг период нерегистрирани,  додека 23 биле сакнционирани поради други прекршоци.

– Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, стои во соопштението од кумановската полиција.

Никола Ивановски

Leave a Reply