Деведесет и осум граѓани на Куманово вчера добиле казна од полицијата поради непочитување на законската обврска за задолжително носење заштитна маска.
Loading...
– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (28.01/29.01.2021, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 131 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.
Најголем дел од казнетите се во Куманово 98, во Крива Паланка 15 и во Кратово 18.
За истите, како што информираат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.
Никола Ивановски