На едно место граѓаните на Куманово ќе добиваат услуги од повеќе институции (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Центарот „Една точка за услуги“ од денеска започна да функционира и во Куманово, каде граѓаните ќе можат да добиваат над 60 различни услуги и 800 информации од повеќе институции.

Loading...

Во центарот кумановци ќе можат и да ги добијат потребните документи, информираше денеска министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, проектот има за цел да обезбеди подобри, поевтини и поефикасни услуги за граѓаните.

– Овој проект има за цел да им обезбеди на граѓаните подобри, поевтини и поефикасни услуги, исто така оваа точка за услуги им овозможува на граѓаните да добијат услуги и информации од државните и јавни институции, јас лично денес побарав два вида документи од различни институции и наместо да одам да барам услуга во две институции заштедив време и се услужив во центарот за многу кратко време, изјави министерот Шаќири.

 

 

Граѓаните термин можат да закажат и онлајн, а по добивање на услугата со скенирање на QR кодот од бројчето за редослед можат да ја оценат работата на вработените во центарот.

 

Loading...

 

До крајот ан проектот се очекува да бидат достапни уште 135 услуги, покрај сегашните 62, најави министерот.

– Нудиме 62 директни услуги и над 800 потребни информации за добивање на услуги. Во моментот соработуваме со институциите како што се Министерство за внатрешни работи, Управа за јавни приходи, Агенција за катастар на недвижности и за многу кратко време имаме за цел да го зголемиме бројот на услугите на 20 услуги повеќе од тие 60 кои се постојани. До крајот на август имаме за цел тој број да се зголемува за околу 40 услуги, додека до крајот на проектот ќе бидат достапни уште нови 135 услуги, изјави министерот.

 

 

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, вели дека целта на проектот е да ја олесни комуникацијата на граѓаните со државните институции.

Loading...

– Општина Куманово во истиот учествува со тоа што обезбеди атрактивен простор на локација на централното градско подрачје, а ресорното министерство со поддршка на Владата секако инвестираше во техничката опрема и техничкиот персонал. Целта е во Куманово да ставиме крај на онаа стара фраза „да имам човек за да завршам работа“, бидејќи во континуитет се соочуваме со тешки бирократски процедури, ресорното министерство поддржано од владата отпочнува со реализација заедно со Општина Куманово на овој пилот проект каде граѓаните ќе можат да добиваат услуги за повеќе од 60 документи, рече Димитриевски.

 

 

Центарот се наоѓа во Занаетчискиот дом на градскиот плоштад во Куманово.

 

 

Loading...

 

 

Никола Ивановски

Leave a Reply