Момче од Србија трагично страдаше поради ТикТок предизвик

Сподели со своите пријатели

Малолетниот С. Џ. (10), кој претходниот ден бил пронајден мртов во неговиот стан во Белград, најверојатно се обесил со своето џудо кимоно, а како што неофицијално пренесуваат српските медиуми, момчето се обидело да изведе и сними предизвик за социјалната мрежа Тикток , кои, иако се многу опасни, станаа многу популарни меѓу децата и тинејџерите низ целиот свет.

Loading...

Трагедијата се случила во вторникот вечерта кога момчето останало само дома, бидејќи неговите родители, како што велат соседите, отишле во продавницата.

Родителите го пронашле во неговата соба, а веројатна причина за трагедијата е неговото учество во застрашувачкиот „Blackout предизвик“ од социјалната мрежа ТикТок.

Што е „Blackout предизвик“ и зошто е популарен?

Овој „предизвик“ подразбира децата да стават појас околу вратот, да го затегнуваат и да го снимаат чинот со мобилен телефон додека не се онесвестат.

„Играта на задушување“ или како што уште се нарекува „Предизвик на несвестица“, за жал, е тренд кај децата.

Да потсетиме, неодамна, јавното обвинителство во Италија започна истрага за смртта на девојче кое учествуваше во „играта на задушување“ на ТикТок. Главен обвинет е социјалната мрежа ТикТок. Смртта на малата Антонела предизвика бес низ цела Италија.

Доколку ТикТок не може со сигурност да ја потврди возраста на својот корисник, тој мора да го блокира најдоцна до 15 февруари 2021 година. Ова е најновата одлука на Канцеларијата за заштита на податоците во Рим.

Loading...

ТикТок пропишува минимална возраст од 13 години за своите корисници, но компанијата не спречила 10-годишно девојче да си направи профил, посочуваат од Канцеларијата.

Смртта на десетгодишно девојче од Палермо на Сицилија, кое учествуваше во „Blackout предизвикот “ на ТикТок, беше откриена само неколку часа пред оваа објава и одлука.

Натпреварувачите во предизвикот мора да останат без воздух што е можно подолго – со тоа што самите ќе си го одземат.

Малата Антонела се заклучила во бањата во средата (20 јануари) и се снимала со мобилен телефон додека го затегнувала ременот околу вратот.

Нејзината петгодишна сестра ја пронашла во бесознание. Десетгодишното девојче веднаш било пренесено во детската болница Ди Кристина, но предоцна. Лекарите се бореле за нејзиниот живот, но по некое време ја како причината за смртта утврдиле: асфиксија, задушување и губење на свеста поради болест или повреда, најчесто поради опструкција на дишните патишта.

„ТикТок“, кој има околу 100 милиони корисници во Европа, објави изјава за трагичниот инцидент.

„Безбедноста на заедницата на Тикток е наш врвен приоритет“, уверува кинеската видео-платформа. „Ние сме подготвени во секое време да соработуваме со властите во врска со истрагата за смртта на Антонела“.

Платформата е многу популарна меѓу тинејџерите ширум светот, е во сопственост на кинеската компанија ByteDance.

Loading...

Leave a Reply