НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА: Се засакале како тинејџери, раскинале, па судбината ги споила по 68 години

Сподели со своите пријатели

84-годишниот Фред Пол и 81-годишната Флоренс Харви се запознале пред 68 години како тинејџери во мало канадско гратче и токму тогаш се родила љубовта во средно училиште.

Loading...

Тие се забавувале две години, а потоа секој тргнал по својот пат. Во тоа време таа имала 15 години, а тој 18 години.

Фред Пол го однела работата во Торотно, а една година подоцна се вратил во градот да ја бара Харви, но потоа дознал дека и таа се оддалечила.

И двајцата пронашле нова љубов. Флоренс имала пет деца, а нејзиниот сопруг починал во 2017 година. Истата судбина ја имал и Фред, чија сопруга, со која имал две деца, починала во 2019 година.

„Таа беше мојата прва вистинска љубов и прва девојка“, изјави 84-годишникот за Си-Ен-Ен.

Заедно во добро и зло

Заедничката тага за загубата на сопружниците ги обединила. Имено, кога Флоренс слушнала што се случило, го повикала своето момче од тинејџерските денови да го утеши.

Во следните денови, тие повторно се слушнале и разговорот траел со часови.

Loading...

„Се поврзавме иако не се гледавме сите тие години. Знаев дека е тоа “, рече Фред.

 

Posted by Dawaa Radnaa on Sunday, January 17, 2021

 

Неколку месеци подоцна, Флоренс го изненадила Фред, доаѓајќи кај него во Торонто, каде конечно се виделе по скоро 70 години.

„Кога дознав дека е во градот и доаѓа кај мене, беше 22:30 часот. Истрчав од креветот, се облеков и напишав со креда на влезот: „Добредојде Флоренс“. Кога пристигна, ја прегрнав и ја бакнав во образот “, открил за вљубениот 84-годишник.

Само трите дена што ги поминале заедно им беа доволни за да одлучат да се венчаат.

Отпрвин, нивните семејства не ги поддржувале затоа што не можеле да веруваат дека толку брзо ја надминале смртта на нивните долгогодишни партнери.

Фред во тоа време бил на почетокот на третманот со рак на желудник, а Флоренс сакала да биде со него во добро и лошо.

Loading...

Емоционална венчавка

Тие се венчале на 8 август, среде пандемијата на коронавирусот, поради што бил ограничен бројот на гости, но не им било тешко.

„Беше првото момче што ме испрати до дома дома кога бев тинејџерка, претпоставувам дека ќе бидеш и последниот“, рече Флоренс на емотивната церемонија.

Свештеникот Пол Иванеј, кој во својата кариера венчал околу 500 парови, вели дека оваа венчавка за него била „најемотивната церемонија“.

„Двајцата беа во брак со години, основаа семејство, создадоа спомени и прекрасни животи. Обајцата навистина ги исполнија своите завети кон своите први сопружници. Во болест и здравје. Во радост и тага. Да сакаат и да ценат додека се живи. И сега, со со стекнатата мудрост на животот, заедно со сите радости и таги, подеми и падови, тие беа подготвени повторно да ги кажат истите завети. Не со наивната емоционалност на младата љубов, туку од длабочините на нивното искуство. Тие беа подготвени да ги живеат повторно. Беше толку емотивно, рече свештеникот.

Фред и Флоренс наскоро планираат да го посетат својот роден град каде се вљубиле за да ги обиколат првите поглавја од нивната љубовна приказна.

Leave a Reply