Аргентинскиот тенисер бесен: Балконот на Ѓоковиќ е поголем од мојата соба, каде се Рафа и Тим да кажат нешто?

Сподели со своите пријатели

Аргентинскиот тенисер Гвидо Пеља е фрустриран поради карантинот во кој треба да остане до почетокот на Австралија опен, но од неговите изјави може да се види дека е лут на секого и на сè.

Loading...

Сместувањето го спореди со местото каде се наоѓа Новак Ѓоковиќ, кој доби нешто поповолни услови во Аделаид поради неговиот статус на најдобар играч во светот.

Пељa бил во авион каде кај неколку патници имало позитивен тест за коронавирус, па не е во можност да ја напушти својата соба.

– Балконот на Новак Ѓоковиќ е поголем од моето сместување. Кога ќе излезам од собата, единствената цел  ми е да не се повредам. Веднаш знаевме каков е протоколот и што ќе се случи. Очекував некој како Рафаел Надал или Доминик Тим исто така да се огласат, да дејствуваат на некој начин. Во овие услови не можете да играте на највисоко ниво – рече Пеља.

 

 

Тој истакна дека му е жал само што ја претставува Аргентина и не е во можност да го стори тоа на најдобар можен начин.

Loading...

– Условите не се нормални. Тие бараат од нас да ги одржуваме просториите, а ние немаме место каде што можеме да ставиме валкани алишта. Што се однесува до храната, треба да јадеме само она што ни го носат. Можеме да порачаме, но она што доаѓа е  веќе прилично студено. Ова убива и физички и психички – заклучи Пеља.

Пеља моментално е на 44-та позиција на АТП-листата, и како и секој јужноамериканец, тој е подобар на земља отколку на другите површини, па неговата подготовка за Австралија опен, која се игра на бетон, сега е уште полоша.

Leave a Reply