Британец поминал 306 дена во болница поради коронавирусот: Вработените го испратија со аплауз (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пензионираниот адвокат Џефри Волф минатата година се разболел од коронавирус во првите недели од пандемијата, а откако поминал дури 306 дена во болницата, вчера конечно беше пуштен дома.

Loading...

Според „Гардијан“, се претпоставува дека 74-годишниот Британец го имал еден од најдолгите престој во болница за КОВИД-19.

Првата фаза од неговото лекување траела 127 дена, од кои 67 ги поминал на респиратор. Со аплауз бил испратен од болницата, по што бил пренесен на невролошка рехабилитација за говор и физикална терапија.

Тој поминал дополнителни 179 дена во рехабилитација, а вчера беше пуштен дома, пренесува Индекс.

– Тоа беше пеколна тешка борба. Неговата прва шега беше дека избра тежок начин да ја прескокне последната година од мандатот на Трамп, но дека сепак вредело – рече еден од неговите синови.

 

Leave a Reply