Девојче почина поради предизвик на ТикТок: ИТНА ПРОМЕНА НА ПРАВИЛАТА!

Сподели со своите пријатели

Италија и наложи на апликацијата ТикТок да ги блокира профилите на корисниците од Италија чија возраст не може да се провери, по смртта на 10-годишно девојче кое учествуваше во предизвикот на оваа платформа.

Loading...

Иако „ТикТок“ вети дека ќе забрани регистрација за деца под 13-годишна возраст, Италија вели дека е лесно да се заобиколи ова правило.

 

 

Како резултат, се наведува дека TikTok мора да блокира непроверени кориснички профили до 15 февруари, пренесува Klix.ba.

Немаше одговор од „ТикТок“, кој е во сопственост на кинески „БајтДенс“ и кој рапидно расте во популарност низ целиот свет, особено кај тинејџерите.

Одлуката од Италија следува по смртта на една девојка во Палермо на Сицилија од задушување.

Loading...

 

 

Нејзините родители изјавија дека таа учествувала во предизвикот на ТикТок, ставајќи појас околу вратот и задржувајќи здив додека снимала на телефон.

Обвинителите отворија истрага за можно поттикнување на самоубиство и ја испитуваат можноста некој да ја поканил да учествува во предизвикот.

Исто така, се наведува дека на „ТикТок“ му е забранета понатамошна обработка на кориснички податоци за кои не постои апсолутна сигурност во староста и усогласеност со одредбите поврзани со возраста.

 

Loading...

 

Што значи дека корисниците на непроверени профили повеќе нема да можат да споделуваат видеа или да комуницираат со други луѓе преку оваа платформа.

Leave a Reply