Руската инфлуенсерка Марина Балмашева ја заинтригираше јавноста кога ја објави информацијата дека го заменила сопругот со неговиот 21-годишен син, со кого чека дете.
Таа исто така откри дека направила пластична операција за да биде што попривлечна за нејзиниот нов сопруг.
View this post on Instagram
Марина била омажена за Алексеј Шевирин (45) и со нејзиниот нов сопруг Владимир Шевирин се познавале од неговата седма година.
Алексеј сега се грижи за нивните пет посвоени деца.
Руската блогерка храбро реши да сподели фотографии со своите половина милион следбеници на социјалната мрежа Инстаграм како изгледала некогаш, и како изгледа сега, по наводните операции.
View this post on Instagram
Таа наводно била подложена на постапка за отстранување на кожата откако изгубила многу тежина, а исто така направила и „кревање“ на кожата на лицето и вратот, подигање и затегнување на очните капаци и додала ботокс на челото.
– Како човек може да се промени. Јас сум на 32-33 на фотографиите „пред“, а во февруари ќе имам 36 години. Луѓето ми велат да се шминкам поради мојот млад сопруг. Но, има една работа – тој се вљуби во мене со сите лузни од пластична хирургија, целулит и вишок кожа – напиша Марина на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Нејзиниот поранешен сопруг, татко на нејзиниот сегашен сопруг, се пожалил дека го заведува неговиот син.
– Претходно немаше девојка. Тие не се срамеа да имаат односи додека јас бев дома. Јас би и простил за изневерувањето, да не беше мојот син. Таа трчаше кон неговиот кревет од нашата спална соба додека јас спиев. После тоа, таа ќе легнеше до мене, како ништо да не се случило – изјави Алексеј за медиумите.
View this post on Instagram
Марина, исто така, им откри на своите придружници дали жали што го растурила семејството.
– Да и не. Се срамев, но не сакав да се вратам на поранешниот. Тој е добра личност и татко на нашите деца. Како децата ги прифатија промените? – Апсолутно смирено. Што имам денес? – Јас сум мажена, се преселив во поголем град. Сакам и сакана сум. Ќе имаме дете, можеби и повеќе деца. Се надевам на стабилен брак, но тоа не спречи да склучиме предбрачен договор, па сè останува во мое име, во случај на развод. Зошто? „Затоа што не сум негов спонзор“, вели инфлуенсерката.
View this post on Instagram
Марина се породи пред неколку дена, а пред неколку месеци искоментира дека очекува помош од мајката на Владимир.
– Имам интересно искуство со оглед на тоа што мојата поранешна свекрва беше и поранешна свекрва на мојата сегашна свекрва – заклучи таа.
View this post on Instagram