Воцап попушта под притисокот: Ги одлага измените кои кренаа прашина

Сподели со своите пријатели

Воcап објави дека ги одложува промените во условите за користење за три месеци, откако многу корисници ја избришаа апликацијата од страв дека услугата за пораки ќе ги сподели нивните доверливи податоци со Фејсбук.

Loading...

Измените требаше да стапат на сила на 8 февруари, а сега компанијата објави дека нема да се случи пред 15 мај.

 

 

Со оваа најава и кампањата за зачувување на старите услови за користење на услугата, Воcап се обиде да спречи масовен трансфер на корисници на други платформи, пишува Ројтерс.

Воcап посочи дека ажурирањето нема да влијае на фактот дека повеќе податоци се споделуваат со Фејсбук, но првенствено е насочена кон помагање на другите компании за подобра комуникација со клиентите преку таа платформа.

„Знаеме дека има забуна и дезинформации во врска со ова ажурирање и сакаме да ги објасниме нашите принципи и факти“, нагласија тие во објавата на блогот.

Loading...

 

 

Разговорите и преписката на Воцап, како и локацијата и директориумот сепак ќе бидат шифрирани, така што ниту Facebook ниту Воцап нема да можат да ги користат тие приватни информации, тврдат од компанијата.

Објавувањето за ажурирање на условите за употреба минатата недела создаде паника и предизвика гнев кај многу корисници кои рекоа дека станува збор за напуштање на основните вредности на Воцап, што на многу корисници им донесе репутација дека корисничките податоци се заштитени на оваа платформа.

 

 

Loading...

Сепак, штетата е веќе направена – деновиве има големо зголемување на преземањето на апликации како што се Сигнал и Телеграм од Apple и Play Store.

Leave a Reply