Водостојот на Пчиња по вчерашните 1,5 метри денеска опаѓа

Сподели со своите пријатели

Водостојот на реката Пчиња кај селото Пелинце, според последните мерења од станиците на Управата за хидрометеоролошки работи, покажува водостој од 122 сантиметри.

Loading...

Споредбено со вчерашните мерења, се бележи пад од 10 сантиметри, но и натаму тоа е водостој повеќе од двојно поголем од просекот за месец јануари.

Токму во Пелинце вчера се излеа реката Пчиња и поплави дел од излетничкиот парк кај Меморијалниот центар „АСНОМ“.

Најголемиот водостој Пчиња го достигнала вчера околу 16 часот кога мерната станица покажала 150 сантиметри вода.

Според мерењата направени вчера попладне реката Кумановка кај село Доброшане покажала водостој од 100 сантиметри во 16 часот, а рано утрото околу осум часот нивото на реката бил понизок за 40 сантиметри.

Според последните прогнози на Управата за хидрометеоролошки работи, се очекува водостоите на реките да се намалуваат од четврток.

Никола Ивановски

Leave a Reply