53 казни за неносење маска напишала кумановската полиција вчера

Сподели со своите пријатели

Педесет и тројца кумановци во изминатото деноноќие заработиле казна поради непочитување на Уредбата за задолжително носење заштитна маска на лицето.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (11.01/12.01.2021, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 82 лица неја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издрадени казнени налози, најмногу се на подрачјето на Куманово 53, во Крива Паланка 19 и во Кратово 10.

За непочитувачите на одредбата, како што појаснуваат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Никола Ивановски

Leave a Reply