Мутациите на коронавирусот би можеле да дадат лажно негативен тест

Сподели со своите пријатели

Американската администрација за храна и лекови (ФДА) го предупреди медицинскиот и лабораторискиот персонал дека генетските мутации во коронавирусот, вклучувајќи ја и варијантата Б.1.1.7 откриена во Велика Британија, може да доведат до лажно негативни резултати од молекуларен тест (ПЦР) за време на тестирањето на Ковид-19.

Loading...

PCR-тестот е молекуларна постапка заснована на докажување на присуството на вирусни РНК молекули.

Агенцијата го предупреди персоналот во клиничката лабораторија за можни лажни негативни резултати од кој било тест за ПЦР и ги повика внимателно да ги следат ваквите резултати во комбинација со клинички набудувања и да го повторат тестот, но со некој друг тест доколку сѐ уште се сомневаат во ковид-19.

 

 

Лажен негативен резултат може да се појави со кој било тест за PCR ако мутацијата се случила во дел од неговиот геном за кој тестот тестира, предупредува ФДА, додавајќи, сепак, дека ризикот од такви мутации да влијаат на целокупната точност на тестот е мал.

Агенцијата забележа дека анализата утврдила дека резултатите од трите теста за вирусот, кои биле одобрени за итна употреба во САД, може да бидат погодени од генетски мутации на вирусот, но се чини дека ова влијание не е значајно.

Loading...

Заразна варијанта на ковид-19 што ја погоди Велика Британија е забележана во најмалку пет сојузни држави во САД, рече минатата недела директорот на Националниот здравствен институт Френсис Колинс, а научниците во петокот рекоа дека новоразвиените вакцини треба да имаат ист ефект против новата варијанта на коронавирусот.

 

 

Штефан Хан од ФДА посочи дека Агенцијата ќе продолжи да ги следи генетските мутации во коронавирусот со цел да се осигура дека сите досега одобрени тестови даваат точни резултати.

ФДА во моментов верува дека вакцините кои се лиценцирани за употреба се сепак ефикасни во заштитата од мутирани соеви.

Leave a Reply