Зголемена е искористеноста на паркинг местата во Куманово за време на празниците, информираа денеска надлежните од Јавното претпријатие „Куманово-Паркинг“.
Како што соопшти директорот на претпријатието, искористеноста се движи од 20 до 30 проценти, во зависност од местоположбата на достапните паркинг места.
-За време на празниците и со доаѓањето на сограѓаните кои живеат надвор од државата се зголеми искористеноста на паркинг местата. Сепак, во однос на претходните години е на значително пониско ниво, бидејќи поради пандемијата не се вратија сите сограѓани кои работат во странство, пред сè во земјите од Западна Европа-изјави директорот на претпријатието, Фадиљ Шабани.
Во Куманово се користи паркинг просторот во централното градско подрачје.
На една од седниците на советот во октомври беа утврдени и цените за паркирање согласно зоните, при што за првата зона е 30 денари, за втората „Б“ е 25 и за „Ц“ 20 денари плус ДДВ.
Во првата зона има 570, додека во зоната „Б“ само 30 паркинг места.