Врнежите од дожд кои изминатите денови ја зафатија територијата на државата придонесоа за зголемување на водостојот на реката Пчиња.
Loading...
Последните мерења направени утрово околу 07:30 часот на мерната станица кај селото Пелинце, покажуваат дека Пчиња е дваесет и еден сантиметар над просекот за месец јануари.
Моментално водостојот на најголемата река што тече низ кумановско изнесува 74 сантиметри, додека просекот за месец јануари изнесува 53.
Денеска УХМР излезе со предупредување за претпазливо движење покрај реки и суводолици, со оглед дека водостоите се покачени, а врнежите ќе продолжат и во следните денови.
Никола Ивановски