Облачно со врнежи од дожд, на планините снег

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во западните делови, особено претпладне и кон крајот на денот, а локално таму ќе наврнат и над 25 л/м2.

Loading...

На планините ќе врне снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи околу петиот степен, а максималната дневна се очекува да достигне до 6 степени целзиусови.

Во следните денови ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд.

Врнежите најобилни ќе бидат во западните делови, каде на планините ќе врне снег и значително ќе се зголеми снежната покривка, особено во Шарпланинскиот масив.

Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply