Прелевање на Пчиња и Крива река, заседаваше ОШЗС во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Речните корита на реките Пчиња и Крива Река во селата Јачинце, Довезенце и Пчиња во Куманово се прелеани со оглед на надојдените води, за што денеска се расправаше на состанокот на Општинскиот штаб за заштита и спасување при Општина Куманово.

Loading...

Штабот издаде препорака до АД „Водостопанство Кумановско-липковско поле“ да излезе на терен со расположлива механизација.

– Со оглед на прелевањето на речните корита на реките Крива Река во делот на Јачинце и Довезенце и река Пчиња во делот на с.Пчиња, ОШЗС излезе со заклучок во форма на препорака до АД „Водостопанство Кумановско Липковско поле“ веднаш нивните екипи да излезат на терен со расположливата механизација и да дејствуваат во насока на надминување на состојбата во интерес на граѓаните, стои во заклучокот од денешната седница на Штабот.

 

фото: Фејсбук

 

 

Општинскипт штаб за заштита и спасување формира Комисија која веднаш добила задача да излезе на терен и да направи увид во состојбата и за истото да го информира Штабот.

Воедно штабот и натаму упатува препорака до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од COVID 19 донесени од страна на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply