Без вода четири локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Без вода во Куманово во текот на денешниот ден ќе бидат четири локации, поради дефекти на дистрибутивната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини на водоснабдувањето во текот на денот ќе има на улица „1“ во населбата Јане Сандански, улиците „Цар Самоил“ и „Јоско Илиевски“, како и месноста викана Стари Лозја.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски

Leave a Reply