За влакно избегната авионска трагедија поради огномет

Сподели со своите пријатели

Авион на колумбиската компанија „Авианса“ на лет од Орландо, Флорида, за влако избегна уривање над Богота поради судир со „пиротехнички балон“.

Loading...

Засега не е познато дали балонот, кој служи за подигнување огномет во воздухот, бил „вооружен“ со експлозивни направи, но за време на судирот, авионот „се заплеткал“ во долги пластични ленти кои се дел од огнометот, пренесува Спутник.

Ремените се завиткаа околу опашката на авионот и влегоа во моторите, па „Ербас А320“ на колумбиската компанија мораше присилно да слета.

Екипажот успешно го приземјил авионот, за кој не е наведено дали е оштетен.

Непосредно пред инцидентот, колумбиските воздухопловни власти предупредија на опасност од огномет и балони во близина на аеродромот и апелираа дека не треба да бидат пуштени и пукани во воздух.

Leave a Reply