Еден среќен добитник во Велика Британија го освои џек потот на лотаријата „Еуромилиони“ и влезе во Новата година побогат за 39 милиони фунти.
Loading...
Други 10 играчи освоија милион фунти во специјалното новогодишно извлекување, изјави претставникот на Националната лотарија, Енди Картер, пренесува Би-Би-Си.
„Колку прекрасен почеток на 2021 година за играчите на лотаријата Еуромилионс во Велика Британија“, рече Картер.
Победничката комбинација се состои од броевите 16, 28, 32, 44 и 48, како и таканаречените среќни sвезди 1 и 9.