Развојната програма за 2021 година на Општина Куманово, која вчера беше изгласана на Советот, предвидува асфалтирање на поголем број улици во приградските населби.
Како што истакна во своето обраќање советничката Соња Тодоровска, приградските населби биле заборавени во изминатиот период, но оваа програма дава можност тоа да се поправи.
– Јас како советник од почетокот на мојот мандат со владејачкото мнозинството сме за реализација на голем број од сите овие ифраструктурни проекти, но имавме определени пречки во однос на финансиското работење на општината. Оваа година конечно се создадоа услови за прифаќање на овие проекти, општината е стабилна благодарение на домаќинското работење, изјави Тодоровска.
Со развојната програма предвидена е изработка на техничка документација за пат од населбата Ајдучка Чешма до Зебњак, односно патот кон Младо Нагоричане.
– Предвидена е реализација на поголем број улици во населбата Карпош, како што се улиците „3“, „4“ и „5“, улица „110“, „111“, „120“ и „144“. Во населбата Перо Чичо, улиците „503“, „504“ и „534“ во Стари лозја, како и улиците „715“, „716“, „717“, „719“, „725“ во Гладно поље, изјави Тодоровска.
Со развојната програма се предвидува реконструкција на скалите од училиштето во населбата Про Чичо кон улицата Ѓорче Петров.
– Во населбата Ајдучка Чешма че се реализираат улиците „525“, „300“, „405“, и ќе се изврши реконструкција на главната улица што ги поврзува населбата Перо Чичо и Ајдучка Чешма, односно дел од улицата „Веселин Маслеша“, најави Тодоровска.
Во населбата Иго Тричковиќ е се реализираат улиците „403“, „420“, „421“, „423“ и „440“.
Никола Ивановски