Научнциите со големо откритие: На Антарктикот некогаш постоела прашума

Сподели со своите пријатели

Германски и британски научници открија докази дека имало прашума на Антарктикот пред 90 милиони години, односно шумски екосистем оставен на влажна клима и без човечко влијание.

Loading...

Списанието Science Daily објави дека научниците ги добиле доказите со испитување примероци од дното на Амундсенското Море покрај островот Пајн.

Детален извештај за епохалното истражување беше објавен и во списанието „Природа“ и во него се наведува дека примероците од ситно-грануларна глина и алувијални седименти се стари околу 90 милиони години.

 

 

Научниците користеле томографски метод за да откријат постоење на шумска почва, полен, семиња и корени на дрвјата на дното на морето.

– Откривањето на прашумата, кое се криело 90 милиони години, е исклучително. Сепак, зачудувачки е фактот што дождовните шуми од мочуриште преживеале дури и во мрачните месеци во непосредна близина на Јужниот пол. Ова покажува дека имало многу потопла клима отколку што се предвидуваше претходно – изјави шефот на научноистражувачкиот тим, Тина ван де Флиерд.

Loading...

Ова откритие исто така наметнува заклучок дека имало повеќе јаглерод диоксид во атмосферата во креда геолошкиот период отколку што било претходно предвидено.

Leave a Reply