Шпанија планира регистар на луѓе кои одбиваат вакцина против Ковид-19

Сподели со своите пријатели

Шпанија планира да состави регистар на луѓе кои одбиваат вакцина против коронавирусот, јави ДПА, повикувајќи се на изјава на шпанскиот министер за здравство Салдавор Илја.

Loading...

– Сите во Шпанија се повикани да примат вакцина. Вакцинацијата е доброволна. Но, оние што ќе одбијат вакцинација ќе бидат регистрирани, изјави Илја за телевизијата „Ла Секста“.

Регистарот нема да биде објавен во јавноста и ќе биде предмет на строги правила за заштита на личните податоци, додаде министерот.

Сепак, информациите во него можат да бидат достапни за другите европски партнери.

Како и другите европски земји, Шпанија започна да вакцинира во неделата. Во следните 12 недели, Шпанија очекува да добие 4,6 милиони дози вакцина, што може да се искористи за вакцинирање на 2,3 милиони луѓе. 

Златко Шумковски

Leave a Reply